Ова се 9 – те најоткачени очила за сонце на сите времиња!
Полека, но сигурно поминуваат тмурните, дожделиви, студени денови и како што се приближува периодот со повеќе сончеви денови, така доаѓа и сезоната на очила за сонце.
Како што пишува порталот Glamour, се чини дека наочарите за сонце доживеале вистинска револуција во модниот свет, а за дизајнот на поединечни модели навистина можеме да кажеме дека се се, освен „класични“ и „досадни“.
И додека некогаш на светските ѕвезди можевме најчесто да ги гледаме класичните „авијаторки“, сега по прашањето за очилата за сонце дојде некое ново време и нови трендови.
Без разлика дали преферираш пластични или метални оквири, темни стакла или луди бои, ситните или гломазните облици, во нашата галерија сигурно ќе најдеме совршен модел кој ќе вклопи во секоја твоја модна комбинација.