Ова се најдобрите фризери на социјалните мрежи: Ако не знаете каква фризура да направите, инспирација побарајте на нивните профили
Тие се најчестите фризери на познатите и прават чуда со косата...
Сакате да ја скратите косата или да ја промените бојата, но немате јасна идеја за тоа каква фризура да одберете? Се наближува некој свечен настан како матурската вечер, а уште сте во дилема што точно да направите со косата?
Како најдобра инспирација може да ви послужат советите и триковите на фризерите на познатите личностите. Од доделување на награди, црвени килими, кралски венчавки и модни писти, овие фризери ги движат трендовите и се заслужни за сите оние прекрасни фризури на ѕвездите, на кои секогаш им се воодушевуваме.
За вас издвојуваме неколку фризери кои се многу активни на своите социјални мрежи и редовно ги објавуваат трансформациите на косите на своите клиенти.
Ако уште не ги следите, би можеле да го направите тоа, бидејќи со нив секогаш ќе бидете во чекор со најновите трендови во светот на косата.
# Крис Еплтон
Покрај тоа што е познат по соработката со Ким Кардашијан, тој е и директор на компанијата „Color Wow Hair“. Покрај Ким, соработува и со други ѕвезди како Џенифер Лопез, Аријана Гранде, Кети Пери и Дуа Липа. Еплтон е одговорен за сите трансформации на косата на Ким Кардашијан, но и за неповторливото коњско опавче на Аријана Гранде и за косата на Џеј Ло која има неверојатен волумен.
# Џастин Марјан
Резултатите од нејзините фризерски вештини може да ги најдете на нејзиниот Инстаграм профил. Таму споделува и различни совети за нега и стилизирање на косата. Џастин има работено со ѕвезди како Ешли Греам, Клои Кардашијан, Хејли Бибер, па дури е одговорна и за шарените плетенки на Норт Вест.
# Крис МекМилан
Овој фризер е задолжен за култната „Рејчел фризура“, која во серијата „Приајтели“ ја носеше Џенифер Анистон. Освен со Анистон, Крис има соработувано и со ѕвезди како Мајли Сајрус, Тејлор Свифт и Хајден Панетиер.
# Џен Аткин
Фризерката кој се грижи за косата на ѕвезди како Хејли Бибер и Криси Тајген, исто така има многу корисни содржини за нега на косата. На нејзиниот профил на ТикТок може да најдете различни содржини - од тоа како да си направите шишки до тоа како брзо да си направите убава фризура.
@jenatkinhair prepped with @theouai leave in conditioner #hairroutine #hairtok #bouncyblowout #blowouttutorial #dysonairwrapcomplete #dysonairwraphacks #airwraptutorial Aces (Sped Up Version) - dkj & sped up nightcore
# Лејса Карило
Ако сте благословени со кадрава коса, на Инстаграм мора да го заследите профилот @leysahairandmakeup, каде дефинитивно ќе може да најдете инспирација за фризура.
# Хари Џош
Легендарниот холивудски фризер работи со ѕвезди од А-листата како Жизел Бундхен, Кендис и други, а неговиот Инстаграм профил е полн со одлични транформации од задоволните клиенти.
# Ринана Капри
Таа е ко-основач на омилениот фризерски салон на познатите личности во Лос Анџелес, а Кара Делавињ и Селена Гомез сакаат да се препуштат на нејзините раце.
# Марк Таунсенд
Марк се грижи за косата на Дакота Џонсон и Гал Гадот. Меѓу холивудските ѕвезди, тој е познат како фризер кој остава најдобри текстурирани бранови во косата, а тоа надјобро го покажа преку примерот на близначките Олсен.
# Мунир
Мунир е фризер од Либан, но има свои салони и во други земји од Блискиот Исток. Неговите фризури и трансформации на косата се толку фантастични што 7,8 милиони луѓе го следат на Инстаграм.
фото: Принтскрин / Инстаграм