Оваа девојка е инспирација: Истрчала цел маратон додека била на работа и истовремено работела на компјутер (ФОТО)
Им покажа на сите како да го надминат седечкиот начин на живот...
Стилот и начинот на живот денес е седечки. Прво седиме на училиште, потоа седиме дома додека учиме и пишуваме домашни задачи, а потоа седиме уште малку додека се дружиме на социјалните мрежи.
За возрасните, ситуацијата не е подобра. Добар дел од нив поминуваат и минимум 8 часа на работа во седечка положба, а здравствените последици од таквиот начин на живот подобро е да не се набројуваат.
Сепак, бидејќи работата од дома стана нова реалност за време на пандемијата, на многу вработени им беше дадена можност да ги приспособат своите работни услови на своите потреби. Така некои купија супер удобни канцелариски столчиња.
Но, една девојка ја префрли седечката работа од дома на една друго ниво.
Всушност, во исто време додека дома ги извршува вообичаените канцелариски задачи на својот компјутер, таа успеала да истрча маратон.
Се прашувате како е ова можно? Еве ја приказната за 24-годишната ТикТокерка.
Кристен Холингхаус Сенингер од Сан Франциско постави лента за трчање под нејзиното подигнато биро. Наместо да седи и пишува на компјутер како голем број луѓе, таа оди и истовреме ги извршува своите деловни задачи.
„Не сакам само да седам на столот 8 часа без престан. Така, поставив лента за трчање под бирото. Сакав да видам дали тоа ќе го подобри мојот начин на живот“ - изјави Кристен во интервју за магазинот „Runner's World“.
Кристен забележала дека чувствува подобрување во расположението и зголемено ниво на енергија, дури и во попладневните часови кога била уморна.
@hauskris Replying to @thegreatsadsby my hips will never recover from this I’ve honestly never felt so accomplished before hahaha #wfhlife #walkingpad #treadmilldesk #standingdesk #workfromhome #treadmill #underdesktreadmill #marathon #marathontraining #dayinthelife #dayinthelifevlog #dayinmylife #dayinmylifevlog Chill Vibes - Tollan Kim
На 26 октомври завршила полумаратон во текот на денот, па решила да ја подигне границата и да види дали може уште повеќе. Таа се осмелила да преземе уште еден предизвик, а тоа е маратон кој ќе го заврши во текот на работниот ден.
Околу 08:15 часот го прикачила својот „Apple Watch“ на левата нога и почнала да оди. Освен неколку паузи, таа неприкинато пешачела три часа и четири минути, поминувајќи 20 километри.
„Почнаа да ми се прават плускавци на петицата“ - вели таа во видеото и покажа како лепи фластер на болното место.
Маратонот го завршила во 16:39, поминувајќи 42 километри и помалку од 48.000 чекори.
„Ме болат стапалата, но бев шокирана колку добро се чувствував“ - изјави оваа девојка.
Кристен вели дека нејзините колеги знаат дека својот работен ден го поминува во прошетка, а заклучила дека долгите прошетки во текот на работното време ја прават попродуктивна.
Таа најави дека еден ден ќе трча вистински маратон, а не само на лента за трчање.
фото: Принтскрин / ТикТок