Оваа девојки ги зачуди луѓето: Изгледа како дете на Дуа Липа и Хејли Бибер (ВИДЕО)
Според некои теории, секој на овој свет има свој двојник...
Една девојка од Мексико стана популарна поради својата неверојатна сличност со две познати личности.
23-годишната Алехандра Силва работи во супермаркет како касиерка и на својот ТикТок профил, често објавува видеа од себе, додека е на работното место.
Очигледно е и дека самата била свесна за својата слиност со популарната пејачка Дуа Липа, бидеќи и својот профил на ТикТок го нарекла @dua_lupitaa, со што привлекла уште поголемо внимание.
@dua_lupitaa Jaja me sorprendí felicidades y éxito amigo @fernandor1oficial sonido original - Lupana Cano
Но, потоа луѓето забележале и нешто друго: Алехандра не само што личи на Дуа Липа, туку личи и на Хејли Бибер. Луѓето се шегуваат дека Алехандра изгледа како дете на планетарно познатите пејачка и манекенка.
На својот профил на ТикТок, таа веќе има милион следбеници и повеќе од 18 милиони лајкови, а популарноста секој ден сѐ повеќе ѝ расте.
@dua_lupitaa No hay de otraaa #oxxotiktok #oxxoooo #fyp #parati sonido original - Lupana Cano
Велат дека секој од нас, некаде и на некој крај од светот, има свој двојник, а Алехандра е доказ за тоа. Не само што личи на една, туку личи на две познати личности.
Како што пишува „Daily Mail“, Алехандра се надевам дека ќе може да го уновчи својот изглед и да тргне по стапките на своите двојнички и еден ден да стане модел и инфлуенсерка.
фото: Принтскрин / Инстаграм