Овие хороскопски знаци ќе имаат големи промени во првата половина од март
ОВЕН
Првата половина на март е период на длабоки промени, а астралните влијанија ќе бидат најинтензивни во подрачјето на кариерата и сите примарни улоги кои во животот ги извршувате, а кои бараат одговорност. Интимниот живот би можел да заглави во слепа улица, а посебно во првиот дел од месецот. Ако успеете да го победите своето его и ако и дозволите на другата страна повеќе простор да се изрази, да објасни и без страв да ви каже што мисли за вас, а вие притоа да не се лутите, ќе бидете на многу добар пат кон разврски и продлабочувања.
СКОРПИЈА
Март е еден од месеците во годината кога работите не се развиваат онака како што сте ги замислиле. Тешко ќе ги избегнувате конфликтите. Ќе биде потребно да го побарате изгубениот мир. Вие кои сте познати по својата самоувереност, кои секогаш одите со високо подигната глава и смело го барате тоа што го сакате, сега ќе наидувате на отпор од страна на блиските, лесно ќе се сопнувате на препреките кои нема да ги гледате и имате послаба волја.