Овие карактеристики откриваат дали твоите родители се престроги!
Родителите постојано нешто ти забрануваат, приговараат, држат предавања... но така мора да биде. Но, но некои родители сепак претеруваат: провери дали и твоите се помеѓу нив...
Ти пребаруваат по работите – доколку мајка ти и татко ти редовно ги читаат твоите пораки на мобилниот или ти пребаруваат по фиоките, тоа не е ОК. Секој има право на приватност. Секако, друга е приказната доколку тие се сомневаат дека си вплеткан/а во некои работи кои може да ти наштетат (алкохол, дрога, бегање од училиште).
Ти забрануваат да се гледаш со пријателите – доколку секој викенд ти поминува со учење, чистење, тренирање... а твоите другари воопшто не ги гледаш, тоа дефинитивно е знак дека твоите родители претеруваат. Пробај со нив да направиш некој компромис: доколку ги завршиш своите обврски на време, нека ти дозволат одредено време да поминеш со друштвото.
Твоите пријатели се плашат од нив – твојата пријателка се препотува секогаш кога ќе и кажеш да дојде кај тебе и е во паника поради средбата со твојата мајка? Тоа не е добар знак. Разговарај за тоа со нив.
Не смееш да имаш момче – можеби твоите родители се плашат дека си премногу млада за момче, но треба да им објасниш дека гледањето со момчињата не е ништо друго освен одење на кафе или кино. Излегувањата се важен дел од растењето. Од дружбата со момците можеш да дознаеш многу за себе, а и да научиш да комуницираш и откриеш кои карактеристики ги цениш кај другите.