Пастелни бои и круна за принцезата: Јелена и Новак Ѓоковиќ во Белград го прославија роденденот на ќеркичката (ФОТО)
Новак Ѓоковиќ со своето семејство е во Белград, па така во текот на овие денови се сензација во српската престолнина...
Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, отсуството од УС Опен го користи максимално, па така секој слободен ден го поминува со сопругата Јелена и децата Стефан и Тара.
Малата Тара го прослави роденденот, а деталите од прославата ги сподели токму мама Јелена. Семејството Ѓоковиќ беше видено на Ада Циганлија, додека уживаат во убавото време и се забавуваат со децата.
„Многу прекрасни спомени за петте години на Тара! Здрави сме и заедно, што може човек повеќе да посака! Семејство“ - напиша Јелена под објавата од роденденот на нејзината ќерка.
На семејната фотографија најпрво се таа и Новак опкруже ни со роденденската декорација и многуте перници во пастелни бои, а потоа Јелена објави и фотка од ќерката, која за оваа прилика носеше розово фустанче и круна.
Многу познати личности ѝ го честитаа роденденот на малата Тара, а помеѓу нив е и актерката Слобода Мицаловиќ.
фото: Принтскрин / Инстаграм