Патешествие кое ни од далеку не изгледа како на Инстаграм: И покрај повредата, ќерката на Сара и Димитар Атанасовски, Илина, освои прво место

Патешествие кое ни од далеку не изгледа како на Инстаграм: И покрај повредата, ќерката на Сара и Димитар Атанасовски, Илина, освои прво место

Понекогаш желбата за победа, лојалноста кон тимот и големата амбиција можат да направат чуда. Токму едно такво се случи со ќерката на Димитар и Сара Атанасовски, Илина која и покрај повредата, успеа да се врати на тимот и заедно да го освојат првото место на натпреварот за танцување во Софија.

Дека целото патешествие не изгледало ниту приближно како на инстаграм говори и објавата на водителот:

- Резиме на денот … На ден на тргање за натпревар во Софија, госпоѓицата доаѓа дома со истегната рака. Се трча по ургентни, се ставаат фиксатори и се преспива за да утрото одлучи што ќе се прави. Следниот ден истата дотична станува со муабет: мора да одам да изиграм, не сакам да ја зезнам екипата.

Тргаме за Софија и останатото е историја. Уште едно прво место за екипата. Браво! – За нас, уште едно патешествие кое ни од далеку не изгледа како на инстаграм, ама ај, да си речеме дека нешто сме споделиле, напиша водителот под објавата.


Браво Илина!

Фото: Инстаграм

Можеби ќе ве интересира: