Перфектна професија за Лавот е дипломат, но што е со другите знаци?!

Перфектна професија за Лавот е дипломат, но што е со другите знаци?!

Овен
На вашата креативна, амбициозна и отворена личност најмногу ѝ одговара кариера во медиумите, маркетингот или архитектурата. Ако сте претставник на овој знак, вие сте роден херој и лидер, па затоа ви одговараат и професии како војник, полицаец, спасувач или управител на фирма.


Бик
Вие би биле среќни ако работите како банкер, брокер, агент за недвижности или научен истражувач. Вашата музикалност може да ви помогне да се истакнете како пејачи или музичари.


Близнаци
Вас ви одговара секоја професија која е директно поврзана со комуникациите, а и одлично работите под притисок. Најсреќни би биле ако работите како писател, преведувач, оратор, новинар, учител, трговец, дипломат, политичар или рекламен агент.

 
Рак
Освен како добри психолози, педијатри и социолози, Раковите можат да се покажат и како вистински специјалисти во областа на финансиите. Поради фактот што сте чесни и лојални, одлично можете да се истакнете и во сферата на човечките ресурси.


Лав
Лесно ги инспирирате и мотивирате луѓето околу вас, па затоа можете да бидете одлични менаџери и управители. Можете да бидете и одличен адвокат или доктор. Вие сте родени да бидете лидери и силно ве привлекува моќта и власта. Перфектни сте за позицијата на дипломат.


Девица
Вашето логичко мислење и големата способност за концентрација, ве прави одлични математичари и сметководители. Ќе бидете исполнети ако се насочите кон фармацевтската индустрија или кон науката и техниката. Имате исклучително богат речник, па затоа лесно можете да станете добар писател или критичар.


Вага
Вашиот стремеж кон задоволување на правдата ве прави одлични адвокати, а лесно можете да ги извршувате и функциите на дипломат и преговарач. Имате природна дарба да бидете добри дизајнери и уметници, затоа што сте креативни, перфекционисти и знаете што очекуваат луѓето околу вас. 


Скорпија
Вие сте трудољубиви личности со аналитичко мислење и многу добра интуиција. Љубопитни сте и секогаш ве привлекуваат мистериите. Тие ваши особини ве прават одлични детективи, адвокати, физичари и истражувачи. Многу лесно можете да се концентрирате и да се фокусирате. Затоа можете да изградите успешна кариера како хирург.


Стрелец
Вам ви одговараат професии поврзани со екологија, животни или религија, затоа што сте спиритуална личност. Вашата желба да патувате ве прави одлични кандидати за професии како пилот, стјуардеса и туроператор.


Јарец
Ја обожавате моќта и секогаш се стремите да се на висока позиција. Вие би биле одличен менаџер или администратор. Многу често колегите ве сметаат за работохолици. Ги сакате компјутерите, софтверот и сè што е поврзано со наука и математика. Можете да изградите успешна кариера во ИТ секторот или како банкер или сметководител.


Водолија
Имате прогресивни и оригинални идеи, кои често ги претворате во практични иновации. Вас не ве привлекуваат обични професии, а барате професија која ќе ве стимулира со предизвици. Сепак, каква и професија да изберете, најважно за вас е да си ја зачувате независноста. Најдобро можете да се реализирате како истражувачи, научници, астрономи, фотографи, писатели или инженери.


Риби
Најдобри професии за вас се оние професии, преку кои можете да ја изразите вашата креативност. Вие сте големи љубители на музиката, поезијата, филмовите и танцувањето. Имате огромен потенцијал да бидете одлични актери, писатели, танчари и дизајнери.

Можеби ќе ве интересира: