Пет брутални комбинации на Анастасија Ражнатовиќ кои девојките со задоволство ги копираат: Модни парчиња кои вредат повеќе од 27.000 евра (ФОТО)
Анастасија Ражнатовиќ важи за една од модните икони кај младите генерации...
Популарната пејачка Анастасија Ражнатовиќ, ќерката на фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ, важи за една од најатрактивните млади дами на естрадата.
Пејачката често со своите следбеници на Инстаграм споделува модни комбинации кои привлекуваат големо внимание, земајќи ги предвид парите кои се потрошени за нив.
Комбинациите во кои Анастасија се појавуваше на одредени настани ја надминуваат сумата од неколку илјади евра, а ова се само некои од нив.
На боксерскиот меч на Вељко, пејачката се појави во комбинација која изгледа едноставно, а сепак предизвика големо внимание.
Тексас сако од 1.356 евра, тексас боди од 330 евра, тексас фармерки до 150 евра, чизми на висока потпетица од 629 евра и „Луј Витон“ чанта од вртоглави 6.215 евра.
На еден друг настан, Анастасија заблеска во тексас фустан од 50 евра и капут од брендот „Гучи“, кој чини неверојатни 3.980 евра, додека чизмите и чантата од модниот бренд „Џими Чу“ чинат 2.730 евра.
Исто така, Анастасија заблеска и на венчавката на Мирко Шијан и Бојана Родиќ.
За оваа пригода таа носеше црвен фустан кој чими 598 евра, високи потпетици од брендот „Долче и Габа“ во износ од 1.245 евра и чанта „Louboutin“ од 1.1150 евра.
Ретро костимот, кој Цеца го носеше пред 15 години и кој има голема вредност, Анастасија го облече за венчавката на Михајло Шаулиќ и Марина.
Во прашање е комплет сочинет од струкирано сако и панталони, а двете парчиња се тесни и ја истакнуваат фигурата. За оваа прилика, Анастасија носеше високи потпетици „Louboutin“ од 3.000 евра и чанта од брендот „Диор“ во вредност од 6.000 евра.
Тука не смееме да го заборавиме и комбинацијата во која се појави на една изложба. Тогаш носеше топ во вредност од 295 евра, здолниште во износ од 495 евра, високи потпетици од 895 евра и чанта „Валентино од 1.590 евра.
Кога ќе се соберат сите суми, се доаѓа до сума од 27.351 евра, која Анастасија ја дала само за 5 модни комбинација, што е навистина голема сума на пари.
фото: Принтскрин / Инстаграм