Пристигнува петтото продолжение на „After“: Највени се нови актери - фановите не се задоволни
Се знае дека пристигнува оваа година...
„After“ најави двајца нови актери кои пристигнуваат во петтото продолжение под назив „After Everything“, а се зане и кои ликови ќе ги глумат. Обожавателите во коментари изразија големо незадоволство.
Кога некој филм или серија се снима според книги, сакаме колку што е можно повеќе да ги следат тие книги. Многу вљубеници во пишанието ќе ги прочитаат и книгите и потоа ќе сакаат да го видат тоа што прочитале. Меѓутоа, често во филмските сценарија за такви филмови и серии работите се изменети, толку што повеќе немаат врска со книгите. И тогаш обожавателите стануваат незадоволни. Токму тоа се случува и со серијалот „After“.
На официјалниот профил на Инстаграм на „After“, објавени се двајцата нови актери кои ќе ги гледаме во петтото продолжение и напишаа кои ликови ќе ги глумат. Фановите во коментар пишуваат колку тоа нема смисла кога ќе се спореди со книгите. Актерите кои доаѓаат се: Мими Кин која ќе ја игра Натали и Бенџамин Масколо кој ќе го игра Себастијан. Луѓето прашуваат кои се овие луѓе сега и зошто се појавуваат во петтото продолжение.
Оние кои ги прочитале книгите велат дека кога се гледа според временскиот распоред во книгите, Натали не би требало повеќе да биде тука, но по филмовите таа дури сега се појавува. Сценариот се повеќе и повеќе бега од книгите, а сега изгледа замина во некој друг правец и некои истакнуваат дека овој филм воопшто не би требало да се вика „After“. Други велат дека и нема смисла да се додава Натали, која воопшто не е важна, а да се игнорира Зеда, која воопшто ја немало, а која е поважен лик од неа.
Никој не е среќен бидејќи сега се вооведуваат нови ликови и сите сакаат да ја видат приказната на Хардин и Тес и секако фокусот да биде на нив двајца. Натали требало да ја додадат во првиот филм или во ниту еден. Она што е уште поинтересно е тоа што луѓето зборуваат дека ниту се сеќаваат од книгите кој е Себастијан, но на режисерите изгледа им е толку важен што го додале. Филмовите, поприлично избегаа од книгите и фановите поради тоа не се среќни.
фото: Принтскрин / Инстаграм