Пинк: Мојата ќерка е единствена во одделението без телефон и не ми е грижа!
Десетгодишната ќерка Вилоу и петгодишниот син Џејмсон на светската ѕвезда Пинк, допрва ќе треба да ги чекаат своите први мобилни телефони, бидејќи е рано да ги имаат.
За време на едно неодамнешно интервју, пејачката Пинк, добитничка на Греми и мајка на две деца објасни дека во нејзината куќа има правила кога е технологијата во прашање. Нејзината десетгодишна ќерка Вилоу и петгодишниот син Џејмсон допрва ќе треба да ги чекаат своите први мобилни телефони, бидејќи е рано да ги имаат.
Пинк објасни:
„Има светла и темна страна на технологијата и за децата и за возрасните. Што се однесува до децата, тие сè уште не користат телефони. Имам десетгодишно девојче кое нема сопствен мобилен телефон, иако вчера ми се пожали дека имаат повеќето деца од нејзиното одделение. Не ми е грижа“, рече таа.
Сепак, тоа не значи дека во одреден момент нема да добие: „Не можеме да бидеме како диносауруси. Ќе мора да го прифатиме тоа“, додаде таа.
Пинк верува дека технологијата може да биде одлична за децата кога станува збор за заспивање: „Кога сакаат да слушаат бајки навечер, секако дека ќе им дозволам. Тоа им помага полесно да заспијат, да не се плашат од темнината и да не се чувствуваат осамено“, објасни пејачката.
Таа не е единствената позната мајка со овој став. Џенифер Лопез еднаш изјави дека не дозволува децата да користат таблети во текот на неделата, како и да играат видео игри.
„Училиштето е на прво место и тие мора да бидат добри ученици, а викендот е резервиран за оваа форма на забава.“
Експертите предупредуваат дека паметните телефони се мечови со две острици и дека не треба да им се даваат на децата додека не станат доволно зрели и одговорни за да можат правилно да ги користат. Истражувањата покажуваат дека адолесцентите кои поминуваат повеќе време на паметни телефони имаат поголема веројатност да имаат проблеми со менталното здравје.
Училиште забрани носење скапа облека: За да не бидат дискриминирани посиромашните ученици