Плетени комплети како дефиниција за удобност: 3 идеи како да ги комбинирате овие топли парчиња во текот на есента и зимата
Една од најудобните и најтопли модни комбинации која брзо ги освои дамите ширум модниот свет...
Надвор пристигна вистинска есен, а со неа и ниските температури. Веројатно сите веднаш посегнавме по потопла облека, а актуелен заштитен знак на есента и зимата дефинитивно се различните видови џемпери.
Совршени се за лежерни дневни комбинации кога сакате да се „ушушкате“ бидејќи стајлингот можете да го надоградите со слоеви. Исто така, тие можат да послужат како одличен избор за поформални прилики ако добро ги споите.
Тоа е совршена средина помеѓу пижами и фармерки и дуксер што е дефиниција за удобност. Ќе се чувствувате удобно и дефинитивно ќе обожавате плетива оваа сезона.
Без разлика дали ќе излезете на бранч или на кафе со пријателите, на лежерна прошетка... плетените комплети се лесен и убав начин да изгледате шик.
1. Плетен фустан
Идеално стилско парче за есенските денови, можете да го комбинирате со преголеми кошули и дополнително да се загреете.
Веселите бои секако го подигнуваат расположението во мрачните и дождливи денови. Со добри есенски чизми го комплетиравте вашиот стајлинг.
2. Кроптоп џемпер и здолниште
Комплет од неутрални тонови и интересни плетива е нешто што е идеално за секојдневните активности.
Покрај тоа што можностите за комбинирање се навистина безброј, тој е топол и удобен, а во исто време изгледате уредно.
3. Оверсајз џемпер фустан.
Одлична комбинација за различни настани, вечери или дружења. Со соодветна галантерија, вие сте подготвени да одите. Топло, удобно, а сепак неверојатно ефективно и модерно. Се разбира, може да се користи и за дневни или деловни варијанти. Можете да го комбинирате со интересни чорапи и на тој начин да го надополните целиот стајлинг.