„Пливала во базенот, а потоа косата ѝ се заплеткала во сливникот...“: Маријана (9) настрадала на роденденот на својата баба (75)
Деветгодишно девојче се удавило на прославата на 75-тиот роденден на нејзината баба, откако и се заплеткала косата додека пливала во сливникот на базенот во клуб во централно-западната бразилска држава Мато Гросо до Сул.
Маријана дос Анхос Фариас си играла со семејството кога косата и се заплеткала во сливникот на 12 февруари. Таа не успеала да се ослободи и се удавила. На помош и пришле татко ѝ и еден од роднините кои скокнале во базенот. Кога ја извлекле, татко ѝ се обидел да ја реанимира бидејќи била во несвест.
Тие повикале брза помош, која го пренела девојчето во локалната болница, каде само била соопштена нејзината смрт. Полицијата на Доис Ирмао до Бурити го истражува трагичниот инцидент за да утврди дали е резултат на грешка на клубот во кој се одржала прославата.
- Ќе потврдиме дали се работи за несреќа или невнимание или пропуст на одговорните за ова место - изјавил началникот на полицијата Карен де Керош.