По два спонтани абортуси, брачната двојка доживеа вистинско чудо
По два спонтани абортуси и многу тага и болка, овој брачен пар доживеа вистинско чудо. Младите родители сега се пресреќни!
Адалин, Еверлајт, Мали, Магнолија и Џек се имињата на идентични петорки од Мисисипи, САД. Хејли и Шон Ладнер долго време сакаа да основаат семејство, а нивниот сон конечно се оствари.
Чудо што се случува еднаш во 60 милиони
Според д-р Рејчел Морис, професорка на Универзитетот во Мисисипи, веројатноста да се имаат идентични четворки е околу една од 15 милиони, а идентични петорки само една од 60 милиони. Таа го опиша случајот со идентични петорки од Мисисипи како „чудо“.
Децата се родени во 28-та недела од бременоста, со царски рез. Прва се роди Адалин, а последен Џејк, кој беше и најголем меѓу децата: како новороденче тежеше околу 1,05 килограми. Најмал беше Мали, кој по раѓањето тежеше само 0,77 килограми.
Благодарност до Бога за мајчинството
Младата мајка долго ги чекала своите деца: пред раѓањето на петорките имала два спонтани абортуси. Младите родители сега се пресреќни. Својата радост ја споделија и на социјалните мрежи.
„Секогаш ќе му бидам благодарна на Бог што ме благослови со можноста да бидам нивна мајка. Сите искушенија, солзи и болка вредеа и би го направила тоа одново. Секој ден кога ги гледам моите скапоцени деца се потсетувам на Божјата љубов и верност. Можам само да сум среќна на каков моќен Бог му служам!“, напиша Хејли на Фејсбук.
Таа се присетува дека за време на бременоста со петорките уживала во секој удар на децата.
„Знаев дека се добри ако можам да ги почувствувам“, вели таа. „На крајот од бременоста, стомакот беше многу тежок. Сепак, ова искуство не би го заменила за друго“, додава таа.
Сопругот Шон за малку ќе се онесвестил кога на екранот за ултразвук се појавиле пет отчукувања на срцето. Тој бил загрижен за безбедноста на сопругата и децата. „Бев преплашен. Медицинската сестра рече дека сум многу блед. Морав да седам на креветот до Хејли бидејќи се чувствував како да не можам повеќе да стојам на нозе“, се сеќава Шон.
„Кога се родија децата, тој плачеше и му благодареше на Бога бидејќи беше среќен што се е во ред“, додава Хејли.
„Децата се најголемиот благослов“
„Сакаме да ја споделиме оваа приказна од две причини: прво, затоа што веруваме дека тоа се чуда што ни ги дал Бог и второ, да им помогнеме на другите парови кои исто така се борат со неплодност и сонуваат за деца да знаат дека постои надеж за и нив“, вели Хејли.