По модните стапки на мама: Тајната на дијадемите што Кејт Мидлтон и принцезата Шарлот ги носеа на крунисувањето (ФОТО)

По модните стапки на мама: Тајната на дијадемите што Кејт Мидлтон и принцезата Шарлот ги носеа на крунисувањето (ФОТО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Очигледно е дека Кејт започнува нова традиција!

Британското кралско семејство (со исклучок на војвотката Меган, принцот Арчи и принцезата Лилибет од Сасекс) изминатиот викенд се собра во Вестминстерската опатија во Лондон, каде што беше крунисан кралот Чарлс Трети.

Како дел од церемонијата, неговиот постар син и престолонаследник, принцот Вилијам се заколна на верност на новиот крал и ги разнежни сите присутни бакнувајќи го неговиот татко во образ, што е редок јавен гест на блискост, кога станува збор за ова семејство.

Вилијам во овој важен момент за британската монархија беше придружуван од неговите најблиски - сопругата Кејт Мидлтон, принцезата од Велс, и нивните деца Џорџ, Шарлот и Луис.

Ова беше првпат принцезата Кејт да ја видиме во наметка, кој ја носеше врз фустанот на модната куќа „Alexander McQueen“, брендот кој го потпишува и наефективниот дел од изгледот на изгледот на принцезата и нејзината ќерка, Шарлот.

Навикнати сме дамите од британското кралско семејство за време на важни свечени моменти да носат раскошни дијадеми кои со генерации се носат во семејството, но Кејт овој пат одбра нешто поинакво за својата ќерка и себе и можеби започна некоја нова традиција.

Имено, Кејт и Шарлот носеа дијадеми кои по мерка за нив ги дизајнираше модната куќа „Alexander McQueen“ и модната дизајнерка Џес Колет. Двата додатоци се направени од сребрени шипки и кристали, со сребрени конци и тродимензионален вез.


Станува збор за парчиња кои изгледаат како круна од цвеќиња, многу се слични во дизајнот, со тоа што дијадемата на Шарлот е малку поскромна.

фото: Принтскрин / Фејсбук

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: