Почна училишната година и за британското кралско семејство: По што е посебно училиштето во кое Кејт и Вилијам ги запишаа децата
Тие пристигнаа со родителите, додека се држеа за раце...
Училишната година започна и за британското кралско семејство, па така Кејт Мидлтон и принцот Вилијам ги однесоа своите три деца - Џорџ (9), Шарлот (7) и Луј (4) во Ламбурк, нивното ново училиште.
Принцовите и принцезата ќе го посетуваат ова училиште кое се наоѓа во близина на нивниот нов дом во Беркшир, кое нуди одлични можност за развој, пренесува „People“.
За овој важен ден, мама Кејт одбра елегантен кафен фустан со точки, а во кој остава впечаток дека никогаш подобро не изгледала. Задоволството не го криеше ниту Вилијам, додека нивните деца облечени во училишнте униформи ја воодушевија јавноста.
Она што оваа прилика ја прави посебна е тоа што Џорџ, Шарлот и Јул за првпат посетуваат исто училиште. Принцот Џорџ и принцезата Шарлот претходно одеа во училиште кое се наоѓа недалеку од Кенсингтонската палата во Лондон. Во меѓувреме, родителите го запишаа принцот Луј во градинка.
Откако се преселија од Лондон се случија промени кои не можеа да го заобиколат ниту образованието на децата. Иако училиштето нуди можност за сместување на децата, се очекува принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луј да не ја користат таа опција.
За кралското семејство ова е посебно возбудлив момент, бидејќи сите три деца за првпат ќе одат заедно на училиште.
Кога станува збор за новото училиште, важно е да се каже дека часовите траат само 35 минути, и дека учениците се распоредуваат по способностите, а не по годините. На располагање се и часовите по филмско стрелаштво, анимација, кулинарство и новата зграда за дизајн и технологија, вредна 7 милиони долари во која има уметничко студио, научна лабораторија и компјутерски центри.
фото: Принтскрин / Инстаграм / Profimedia