Подготвена е да го уништи смејството: Бритни Спирс го објави точниот датум кога ќе ги открие сите тајни (ВИДЕО)

Подготвена е да го уништи смејството: Бритни Спирс го објави точниот датум кога ќе ги открие сите тајни (ВИДЕО)

Книгата се вика „The Woman In Me“, наслов инспириран од нејзиниот хит „I'm Not a Girl, Not Yet a Woman“.


Поп иконата Бритни Спирс конечно реши да ги израдува своите фанови и го откри датумот на објавување на своите мемоари, кои сигурно ќе предизвикаат хаос, барем така предвидуваат  експертите.

Имено, автобиографијата на Бритни ќе излезе на 24 октомври. Книгата се вика „The Woman In Me“, наслов инспириран од нејзиниот хит „I'm Not a Girl, Not Yet a Woman“.

– Убедливото сведочење на Бритни на суд го потресе светот, ги промени законите и ја покажа својата сила и храброст – изјави за „Пипл“ Џенифер Бергстром од издавачката куќа „Галери букс“, која ќе ги објави мемоарите на пејачката.

- Не се сомневам дека слично влијание ќе имаат и нејзините мемоари. Тоа ќе биде издавачки настан на годината. Не можевме да бидеме повеќе горди што и помогнавме конечно да ја сподели својата приказна - додаде таа.

- Во јуни 2021 година, целиот свет ја слушаше Бритни Спирс како зборува на суд. Влијанието на нејзината вистина беше непобитно и го промени текот на нејзиниот живот и животите на безброј други. The Woman In Me за прв пат го открива неверојатното патување и силата на еден од најголемите изведувачи во историјата на поп музиката – се вели во најавата на книгата.

Бритни ја сподели објавата на своите профили на социјалните мрежи, но сè уште официјално ја нема објавено книгата.


Фото:britneyspears/instagram

Можеби ќе ве интересира: