Подравка лансира пилешка супа со тарана

Подравка лансира пилешка супа со тарана

Објавена во: После „Школо“ // PR

Секогаш во чекор со желбите и навиките на потрошувачите, компанијата Подравка ја претставува најновата пилешка супа со тарана на нашиот пазар, збогатена со вкусно пилешко месо и многу тарана – комбинација која нуди автентичен домашен вкус и топлина во секоја лажица.

Она што ја издвојува оваа супа на пазарот е токму единствената комбинација на состојки, која не само што ја збогатува понудата на Подравка, туку и носи нова димензија на уживање за љубителите на бистрите супи, но и на тараната, како специјалитет којшто навистина многу се конзумира кај нас. Со нејзиниот богат состав од пилешко месо, тарана и разновиден зеленчук, оваа супа претставува идеален избор за сите кои сакаат топол, вкусен и хранлив оброк во брзо животно темпо.

Подготовката трае само 10 минути, што ја прави совршен сојузник за сите кои имаат динамичен животен стил, но сепак сакаат да уживаат во квалитетен домашен оброк.

Како лидер во категоријата на супи во Адриа регионот, Подравка постојано го проширува својот асортиман и внимателно ги слуша потребите на своите потрошувачи. Новата пилешка супа со тарана е создадена од срце, со цел да донесе уникатен вкус, удобност и чувство на среќа на трпезите на нашите потрошувачи.

Дозволете си да уживате во вистинскиот вкус на домашната супа – брзо, лесно и секогаш подготвено со многу љубов!

Подравка – секогаш со срце!

*ПР објава

Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: