Попај навистина постоел: Приказната за неговиот прекар е вистински хит, а еве и како изгледал
Факти кои многумина не ги знаат!
Приказната за бестрашниот морнар и неговата Олива, секако е една од најубавите детски спомени, а многу од нас растеле со неа без да знаат дека Попај навистина постоел.
Елзи Сигар, креаторот на овој легендарен цртан од Честер (САД), умеел лесно да ги прилагоди луѓето од секојдневниот живот и да ги оживее и да им ги даде карактеристиките кои ги имале во вистинскиот живот.
Роки, прекарокт на Френк Фигел, му послужил на овој цртан како инспирација за Попај. Роки бил едноок келнер во Честер, кој секогаш држел луле во устата, а она по што бил надалеку познат е што никогаш не одбивал тепачка. Легендата вели дека и окото го избил во една од многуте тепачки и дека морнарот од цртанот на овој начин го добил прекарот Попај (Pop Eye).
Иако во вистинскиот живот не бил морнар, бил локална легенда, а децата го сакале поради неговите „демонстрација на сила“ и интересни приказни кои им ги раскажувал. Сепак, спанаќот кој го јаде Попај и благодарение на кој скеој пат го победува Дибек е плод на фантазијата на авторот, бидејќи нема податоци за тоа дека Френк го преферирал овој зеленчук.
Одредени извори наведуваат дека и сите останати ликови од овој стрип, а подоцна и цртан биле вистински жители на Честер.