Поради изгледот трпела страшни навреди: Сега никој не може да поверува во каква убавица се трансформирала (ФОТО)
Оваа девојка симнала 30 килограми, го променила и начинот на облекување и станала преубава девојка, но самодовербата и понатаму не може да си ја врати...
Лив Ралф (25) од мала трпела ужасни навредливи коментари на сметка на својот физички изглед, особено во тинејџерските денови, што се одразило на нејзината самодоверба и психичка состојба, па така станала оптеретена со својата килажа.
Во средно училиште, популарните момци ја задевале Лив, така што од шега флертувале со неа, а некои ученици ја споредувале со Хагрид, поради густата, кадрава кафена коса. Исто така, го исмевале и нејзиниот стил на облекување и ѝ велеле дека мора побрзо да ги намали килограмите.
@llivrallph Problem = solved #fyp #glowup #weightloss #viral #trending #tiktok original sound - dyl
Меѓутоа, по големата броба со самата себе, младата девојка одлучила да ги земе работите во свои раце! Резултатот на овој драстичен и храбар потег, кој ѝ го променил животот на подобро, е тој што Лив сега има 30 килограми помалку! Со неверојатната трансформација станала скоро непрепознатлива, сега е згодна русокоса со совршен стил.
Својот процес на слабеење, како разните искуства од тој период, ги сподели со своите следбеници на ТикТок, а под видеото ѝ пристигнуваат коментари со пофални зборови и поддршка. Видето за кратко време го имаат погледнато неколку милиони луѓе, и со својата објава инспирираше и многу луѓе кои се наоѓаат во слична позиција, во која тогаш била таа.
Од друга страна, Лив истакнвуа дека, откако ослабнала, момците многу често ѝ пишуваат и ѝ приоѓаат, но дека тоа не ѝ ја вратило самодовербата која ја изгубила во текот на средношколските денови.
„Иако сега сум задоволна од физичкиот изглед, никогаш нема да заборавам какво е чувството да се биде дебелиот грд пријател“ - призна Лив.
фото: Принтскрин / ТикТок