Поради веѓите ја нарекувале горило: Го мразела својот изглед, а сега поради овој потег има многу обожаватели

Поради веѓите ја нарекувале горило: Го мразела својот изглед, а сега поради овој потег има многу обожаватели

Објавена во: Мода // Moj стил

По десет години донела одлука која ѝ го променила животот...

Британската уметница Синди Акбар отсекогаш има споени веѓи поради кои долго не можела да го прифати и засака својот изглед.

Раскажа дека повеќе од 10 години секојдневно да ги чупа веѓите - да изгледа како да се две - а уште како тинејџерка соучениците ја нарекувале горило, па ѝ било многу полесно да исчупа неколку влакна, отколку да се истакнува по нив.

Но, по 10 години сфатила дека тие се дел од нејзиниот идентитет, па одлучила своите веѓи да ги остави да изгледаат природно, а од тогаш, истакнува дека е посреќна и посигурна во себе.

„Изгледот повеќе не ми претставува проблем и задоволна сум со себе“ - кажа Акбар за „Метро“, а додаде и дека со години поради неколку влакна ја потиснувала својата личност и поради туѓото, а не сопственото незадоволство.

@cydni.akbar

I love this trend ##fyp ##foryou

talking to the moon sickmix - Sickickmusic

„Знам дека сите ќе кажат дека тоа се само неколку влакненца, но за мене тие претставуваат нешто повеќе, процес во кој се прифатив самата себе онаква каква што сум и одлучиш дека повеќе нема поради никој да се менувам“ - објасни оваа уметница.

Поради ова неодамна направи и профил на ТикТок, а профилот е посветен на позитивниот поглед на жената кон сопственото тело и за кратко време има повеќе 60.000 следбеници.

Уште од средно училиште таа се сеќава на групите со популарни девојки кои ѝ приоѓале со прашањето „Зошто го имаш тоа помеѓу веѓите?“, а таа на ова прашање само молчела надевајќи се дека ќе се заборави тоа...

@cydni.akbar

Loved making this video! Something from the drafts as I’m working on my uni work

Break it off -

„Минатата година конечно помисли колку долго другите контролираат што да правам со сопственото тело“ - кажа уметницата која вели дека Фрида Кало ѝ е инспирација, а се надевам дека и самата ќе поттикне некој за да се прифати себе со сите маани и недостатоци. Откако почна да ја шири својата порака за важноста на прифаќањето на себе, Акбар ја контактирале и многу мајки на девојчиња од 10, 11 години кои го имаат истиот „проблем“, а таа иницирана да престанат да се сокриваат. „Сакам сите да се чувствуваат добро во своја кожа“ - вели таа ентузијастички.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: