Поранешна другарка на Кендал и Кајли Џенер откри како познатите сестри се однесувале во средно училиште (ВИДЕО)
Сите донекаде занеме какви се сестрите Кендал и Кајли Џенер, но какви биле како тинејџерки? Една од поранешните другарки на сестрите се одлучи да ја раскаже својата приказна за тоа како било да се оди во средно училиште со две познати личности.
Рејчел, поранешна другарка од клас, раскажа дека одела на училиште со Кендал и Кајли Џенер и како тие две се однесувале. Под корисничкото име „@rachelsissues“, сподели две видеа на ТикТок, а на првото одговори на прашањето: „Со која позната личност си одела на училиште?“. Обожавателите навистина сакале да ја знаат приказната за тоа какви биле двете сестри во средно - дали биле пријателски настроени, злобни или повлечени?
@rachelsissues #stitch with @Dave Columbo #kendalljenner #kyliejenner original sound - rachel
„Кајли беше љубезна кон сите, а Кендал не“ - низ насмевка вели Рејчел.
@rachelsissues Replying to @Serena Vonderwerth #kendalljenner #kyliejenner original sound - rachel
Изгледаше чудно, со оглед на тоа што Кајли има правила кои нејзините пријатели мораат да ги почитуваат, но ова е вистината на Рејчел, за која се сложија и обожавателите.
Меѓутоа еден обожавател ја праша: „Чекај, дали Кендал секогаш била активно злобна? Или едноставно не била љубезна и пријателски настроена? Понекогаш страмежливоста се покажува на таков начин“.
фото: Принтскрин / Јутјуб