Пораснав на фарма и работев во сендвичара: Неверојатната животна приказна на Маргот Роби

Пораснав на фарма и работев во сендвичара: Неверојатната животна приказна на Маргот Роби

Објавена во: Stars // Филм

Маргот Роби, една од најталенетирана актерки, продуцентка, заштитно лице на многу светски брендови, со филмот Елизабета I се вивна во облаците, а со Барби направи глобален тренд.

Со своите 33 години, на Маргот Роби неверојатено брзо ѝ расте популарноста, толку брзо што го освои веќе светот. Физички наликува на златното време на американската кинематографија, а интелектуално не е ниту малку наивна. Духовита е, пријателски настроена, посветена на другите луѓе и на нивната добрина.

Пред да биде номинирана за Оскарите во 2018 година за најдобра женска улога во „I, Tonya“ , ја открил Маргот во филмот “The Wolf of Wall Street” во 2013 година.

Покрај Леонардо Ди Каприо и Бред Пит, се појави во филмот на Тарантино “Once Upon a Time in Hollywood”, а во голема популарност уживаше и нејзиниот филм “Mary Stuart, Queen of Scotland”.

Темата на филмот е ривалството помеѓу Елизабета Прва, која ја глуми Маргот и Мери Прва. Костумот што го носи Маргот, порано го носеле Judi Denvh и Cate Blanchett. Големото платно ја бара својата нова кралица: Маргот! Маргот Роби! И ја доби!

Детствто на југот

Родена во малото градче Делби во Австралија, Маргот Роби е дете на разведени родители, кое во своето време растела на две локации: едната е на фарма, а другата е во Саутпорт, мало селце на златниот брег, кој има преку 60 километри плажа.

Актерката се потсеќа на кавгите од детството со својот брат и постарата сестра: “Не знам како нашата мајка издржа со четири неподносливи деца, какви што бевме! Не подигаше од дното и работеше на нас како психотерапевт, а таа сѐ уште има неверојатна енергија. Мојата мајка е мој модел и идол.”

Од првата работа Маргот успеала да го исплати заемот, кој мајка ѝ го земала за го доплатат купувањето на куќата.

Откривањето

„ Кога бев мала, многу ја сакав  Голди Хоун, ги гледав нејзините филмови по неколку пати“, изјави Маргот.

Во нејзиното окружување немало луѓе кои имале контакти со филмската индустрија, така што од неа не ни се очекувало дека ќе стане актерка. Еден ден на телевизија, забележала една девојка која наликувала на неа и ја слушнала како рецитира. Маргот помислила дека таа интерпретација е монотона и дошла до мислата дека “Јас го можам истото, а можеби и подобро.” Тоа бил тој „клик“. Таа имала само 17 години, само што го завршила средното училиште и одлучила да си ја испроба среќата во Мелбурн.

Почетоци

Бев исплашена, се фрлив во непознат свет. Кога бев тажна, не можев да си отидам дома за викендот, предалеку беше. Во Мелбурн живеев со чувството, дека живеам во странство.”

Работела на различни работни места, меѓу другото, за познатиот синџир кој произведува сендвичи “Subway”. Првата улога на Маргот била во култната австралиска серија “Neighbors”. Во текот на две и пол години, таа учела занает и сфатила дека не само што ја сакала камерата и камерата ја сака неа, туку и дека и се допаднала и тимската работа. Но, токму тогаш се чувствувала дека тоа е само првото скалило и дека треба да продолжи уште. Посетувала часови каде што го вежбала изговорот на американскиот акцент и се упатила кон Лос Анџелес.

Американски сон

“Во Америка не бев веќе мала, како што бев на 17 години. Се плашев многу помалку од Мелбурн. Немав план Б во случај да не успеам. Побарав дури и од сценаристот на серијата да го убијат мојот лик за да не можам да се вратам во Австралија. Новиот лист веќе беше свртен”, раскажува Магот. Таа добила улога во серијата „Pan Am” која престанала да се снима после крајот на првата сезона. Во улогата на стујардеса во авиокомпаниајта, Маргот успеала да и ја украде популарноста на нејзината партнерка Кристина Ричи. Навистина добар почеток.

Но, моментот кој променел сѐ е состанокот со Мартин Скорезе. Режисерот барал некој кој ќе глуми жена во филмот “The Wolf of Wall Street”, каде што играл и Леонардо Ди Каприо. При кастингот, актерката го исшамарила Леонардо, за подобро да си ја одигра својата улога. Тој секако тоа и не ни го очекувал, а режисерот скокнал од столчето од среќа. Ангажманонот бил загарантиран, а актерската двојка имала доста интензивен однос.

Ново поглавје во Лондон

Никогаш нема да ја видите на снимање, на паузата помеѓу двете сцени, таа секогаш заминува во својата приколка. Ја мрази осаменоста и многу сака да се дружи. По лондонската премиера на филмот “Suite Française”нејзиниот тим одлучи да не се разделува. Нивното интензивно дужење резултираше со брак – во декември 2016 година Маргот Роби се омажи за Том Акерли, асистент режсер. Маргот основа своја продукциска компанија „LuckyChap Entertainment“.

“Кога ги читав сценаријата, многу често машките улоги ми биле поинтересни од женските. И се одлучив тоа да го променам. Го продуциравме фимлот I, Tonya, но предизвиците постанаа се поголеми откако се преселивме од Лос Анџелес.”

Останати проекти од нејзината компанија се: Suicide Squad 2, Marion (женската верзија од Робин Худ) и Barbie во копродукција со Warener и Mattel.

Одговорни одлуки 

Неколку недели после апсењето на  Харви Вајнштајн , повикани се неколку жени да застанат во одбрана на филмската индустрија. За да го напише својот говор, Маргот истражуваше, разговарање со колешките, шминкерите, камерманите.

„ Вознемирувањето постои секаде. Мислам дека е многу важно да зборуваме и за оние имиња кои никогаш нема да ги видиме со големи букви на филмските плакати.” Исто така, младата актерка која има јасни ставови, кога станува збор за политиката, пред сѐ за гласачкото право кажа: „Во Австралија гласачкото право е задолжително. Ако не гласате, ќе мора да платите казна и јас тоа го сметам за генијално.” 

Маргот има и доста развиена еколошка свест: „Пораснав така што водата ја чувавме во барели. Јасна ми беше вредноста на секоја капка. Борбата против загадувањето на планетата ми е вметната во мојата ДНК. Одамна престанав да користам пластични кеси. Во Австралија просто мора така да живеете. Бидејќи живеам во Лос Анџелес, возам електричен автомобил.”

Мода, нејзинот нов терен 

Освен тоа што негува огромна љубов за филм, Роби е фасцинирана од модниот свет. Музата на куќата на Шанел покажа искра во окото и многу значење при посетата на архивите на големата куќа во Париз со Карл Лагерфелд: “Коко Шанел успеа да ја фати и да ја имитира климата на своето модно време, направи многу за еманципацијата на жените, а Карл беше гаранција за продолжение на тој извонреден дух. Ја имав таа чест да присуствувам на настанот “Chanel Métiers D'Art show Paris-New York Art Gallery” во Њујорк. Се чувствував како Алиса во земјата на чудата.”

За Маргот Роби црвениот тепих е составен дел од актерскиот живот. “Ми требаше време за да ми стане вистинско задоволство. Многу е забавно да се облекуваш постојано. Тука е и контактот со фризерите, шминкерите и сите оние луѓе од сенка, кои на нас актерите, ни го поставуваат рефлекторот. Бескрајно им благодарам” – раскажа Маргот.

По неверојатниот успех на нејзиниот најнов филм Барби, светот го зафати барби манија.

Сите се држеа до трендот „облечи розово“ а и самата маргот постојано беше во розово.

Филмот доби неколку престижни светски награди, а и самата таа, но не беше номинирана за Оскар. Малку луто, наместо да биде облечена во розово на доделувањето на Оскарите, таа избра темно кафен фустан на Армани и со тоа порача дека ја „закопува“ Барби и почнува ново поглавје.


Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: