Последната фотка што ја објави Иван исчезна од Инстаграм: Дали тоа значи крај на љубовта со Антониа?
Дали ова е знак за крај на нивната врска?
Иако изминатиот период се шпекулираше дека Антониа Гиговска и Иван Јованов ставиле крај на нивната љубов, а пејачката сето тоа во повеќе наврати го демантираше, сепак се случи нешто неочекувано.
Имено, во јули, Иван по долго време сподели заедничка фотографија со Антониа на неговиот Инстаграм профил, со што и самиот ги демантираше овие гласини. На фотката тие беа скоцкани од глава до петици, и најверојатно истата е направена за време на некоја прослава.
Но, сега таа фотографија повеќе ја нема на неговиот профил. Дали ова знак за крај на нивната љубов? Тоа е сѐ уште е мистерија, која се надеваме дека наскоро ќе ни ја откријат Антониа и Иван.
фото: Принтскрин / Инстаграм