Послободно се чувствувам на социјалните мрежи во споредба со реалниот свет: Александар Динев - најпознатиот ТикТокер во Македонија
Неговото име и презиме сигурно ви е познато доколку сте корисник на социјалната мрежа ТикТок. На својот профил има повеќе 100.000 следбеници и моментално е еден од највлијателните ТикТокери во нашата земја.
Живее во Валандово, каде што учи во СОУ„Гоце Делчев“. Александар Динев за Хаштаг раскажа многу интересни работи за себе - од тоа каков е приватно, па се до тоа како успеал да стане популарен на ТикТок.
На оваа апликација бил активен уште пред четири години, кога истата се викала Musically, така што вреди да ги слушнете неговите совети, доколку сакате да бидете успешни на ТикТок како него.
# Колку долго имаш профил на ТикТок?
Снимав од 2016 година кога апликацијата беше наречена Musically, но во април 2019 година одлучив да направам нов профил, не знаејќи дека ќе имам волкав успех. Сега на овој профил снимам повеќе од една година.
# Моментално си еден од највлијателните млади ТикТокери во Македонија. Но, од кога почна твојата популарност? Се сеќаваш ли со кое видео направи бум?
Навистина сѐ уште не ми се верува дека сум дел од највлијателните ТикТокери. Почнав да градам огромна гледаност за време на карантинот, затоа што тој период имав најмногу слободно време.
# Многу ТикТокери ширум светот заработуваат. Каква е ситуацијата во нашата држава? Се заработува од ТикТок?
Да, но не е исто за разлика во другите држави. Се заработува од соработки со брендови, реклами итн.
# Кое видео би можел да го издвоиш како омилено и зошто?
Имав снимено видео за УНИЦЕФ. Видеото е со многу позитивна порака и е направено како мини филмче.
@dinevv I support children's rights! Do you? ##therealchallenge ##childrensrights
original sound - dinevv
# Кое видео на твојот профил е најгледано, односно најуспешно?
Најискрено не очекував оваа видео да добие било каква гледаност и навистина бев изненаден од резултатите!
@dinevv original sound - shellygarcia1
# Која е тајната за успешно видео на ТикТок?
ЗАБАВУВАЈ СЕ! Доколку уживаш во сето тоа ќе сфатиш дека бројките се само бројки и не се толку важен фактор, ако ти си среќен/а.
# Колку се грижиш за реакциите? Те повредуваат ли негативните коментари? Како реагираш на нив?
Секој човек има чувства, исто и јас. На почетокот сето тоа допираше до мене, но сега е навистина тешко истото да се случи, затоа што ретко се случува да сум многу повреден. Едноставно се трудам да игнорирам сѐ што е негативно и да посветам време на позитивата.
# Кои светски ТикТокери ги следиш? Знааш ли да им „украдеш“ некоја идеја?
Следам многу ТикТокери од Америка, но најчесто следам трендови. Секако и се инспирирам од други видеа кои ги гледам.
# Кој е твојот став за негативното користење на оваа социјална мрежа (како на пример што беше палењето на шуми и малтретирањето на дете)?
На почетокот кога ТикТок не беше толку позната апликација имаше многу позитивност за разлика од сега. Многу ми беше тешко кога гледав како почна на некој начин апликацијата да се променува во она што е денес. Никогаш не промовирам лоши дела или општо кажано “негативни работи”. Не е океј што постојат такви видеа и се надевам дека во иднина ќе се подобри сето ова.
# Каков Александар приватно? Што го интересира, надвор од ТикТок светот? Имаш ли некое друго хоби?
Во моето слободно време обожувам да цртам, да играм видео игри, да гледам филмови и слично. Во живо не сум толку поразличен од тоа како се претставувам на ТикТок. Едноставно се чувствувам послободно на социјалните мрежи во споредба со реалниот свет.
# Каде се гледаш за 10 години и со што сакаш да се занимаваш?
Навистина не знам како да го одговорам оваа прашање. Дефинитивно сакам да продолжам со социјалните мрежи и исто така да се занимавам со технологија.
# Кој хаштаг најчесто го користиш?
Најчесто користам #foryou #macedonia #balkan
Ивана МисајловскаМоже да ве интересира:
Заедно имаат повеќе од 300 илјади следбеници: Топ 5 ТикТокери од Македонија