Потрошила половина милион долари за да изгледа како Ким Кардашијан, за да се премисли
Џенифер Памплона од Лос Анџелес, имала повеќе од 20 пластични операции само за да изгледа како Ким Кардашијан. Но, по зголемувањето на усните не била задоволна и одлучила дека повеќе нема да оди под нож.
За пластични операции, Џенифер потрошила повеќе од половина милион долари, само за да изгледа како Ким Кардашијан. Меѓутоа, по последната операција на која ја зголемила устата се решила повеќе да не оди под нож.
Откако неодамна ставила три милилитри филери во горната и долната уста, Џенифер тврди дека добила реакција.
„Откако заврши операцијата, почувствував како да имам реакција. Усните ми беа многу големи, изгледаа како да се „усни на риба“, а потоцна истиот ден почнаа да ми крварат и тоа беше навистина болно“ - изјавила Џенифер.
Само два дена по операцијата, Џенифер се вратила за да и бидат отстранети филерите.
„Кога ги видов резултатите не можев да си поверувам. Платив 3000 долари за да изгледам како што не сакам и тогаш ми кажаа дека морам да почекам два дена за да ми ги отстранат филерите. Тие два дена постојано си го покривав лицето и не сакав да излегувам од дома. Кога и да го видев лицето - плачев“ - раскажа Џенифер.
Освен усните, ги зголемила и задникот и градите, имала операција на носот и отстранувала ребра. Исто така, во бедрата убризгувала сало за да и бидат поголеми. Кога и ги отстраниле филерите, Џенифер кажала дека научила вредна лекција.
„Можев да си го уништам своето лице и здравје, бидејќи бев зависник од пластични операции. Одлучив дека повеќе нема да одам под нож за да поправам нешто што е веќе добро. Секогаш сакам повеќе и тежнеам кон совршенство, но тоа за малку ќе ме чинеше здравје. Сакам мојата приказна да биде пример за секоја девојка која сака „големи усни“, дека тоа воопшто не е убаво. За мене тоа беше кошмар, но ја научив лекцијата“ - изјави Џенифер, а пренесува DailyMail.