Повеќе не личи на себе: Си го уништи ли Лиам Пејн лицето со естетските зафати? (ФОТО)
Ја нагласи брадата, но дали тоа е добра одлука?
Лиам отсекогаш беше слатко момче! Девојките беа луди по него уште кога беше дел од „One Direction“, а тоа продолжи и по распаѓањето на групата. Тој е последната ѕвезда која падна под влијание на естетските операции и си го уништи лицето.
Кога Лиам Пејн се појави на црвениот килим на премиерата на документарецот „All of Those Voices“ сите очи беа вперени во него. Дојде да го поддржи поранешниот колега од „One Direction“ Луис Томлинсон и неговиот документарец. На обожавателите секогаш им е драго да видат дека момците и понатаму, неколку години по распаѓањето на групата, се дружат и поддржуваат меѓусебно. Освен ова пријатно изненадување, ги дочека уште едно не толку пријатно. Лицето на Лиам!
Лиам има убаво и слатко лице, но сега го промени со помош на естетските операции. Од авион се гледа дека правел некои естетски промени, бидејќи лицето само од себе не може да се промени на овој начин. Ако и ти го паметиш вака, сега следува шокот.
На црвениот килим се појави со целосно изразена брада, поточно вилица, изгледа толку поинаку што повеќе не личи на себе. Зек Ефрон неодамна направи нешто слично, но откри дека морал да го направи тоа од здравствени причини.
На некои им се допаѓа новиот изглед на Лиам, но поголемиот дел сепак се разочарани. Колку изгледа поинаку неговото лице, може да се види и на неодамнешните фотографии со обожавателите.
фото: Принтскрин / Инстаграм