Повторно се огласи: Кики Рахимовски со една реченица му оддаде почит на неговиот татко, а обожавателите го тешеа

Повторно се огласи: Кики Рахимовски со една реченица му оддаде почит на неговиот татко, а обожавателите го тешеа

Објавена во: Живот // Живот

Кристијан Рахимовски објави фотографи на која пее со својот татко Аки...

Кристина Рахимовски, синот на прерано починатиот пејач на Парни ваљак, Аки Рахимовски, на својот Инстаграм профил објави фотографија од себе и својот татко. Покра фотографијата напиша: „Има некоја тајна врска“.

„Вчера ја гледав таа средба на таткото и синот. Твојот татко замина тивко и спокојно. Ќе остана со нас преку своите дела. Малку е да се каже дека му благодариме. Поет и пејач кој солзите ги претвора во насмевка и болката во радост. Со своите дела правеше големи чуда. Затоа е малку да се каже фала. Почивај во мир. Искрено сочувство на семејството.“

„Мене братот ми почина пред еден месец. Боли, боли, боли, вчера со солзи ги слушав песните на твојот татко. Бидејќи тоа е мојата младост со која растев. Ти благодарам Аки“ - напиша една следбеничка.

Црногорската пејачка Јелена Каженегра му порача дека знае како е да се изгуби татко. 

„Драг Кики, толку ми е жал... Знам како е да се изгуби татко, тоа се рани за цел живот. Но живее и ќе живее преку тебе, така Бог ни остави сила да продолжиме понатаму“ - му напиша таа.

Уште една обожавателка му напиша дека знае како е да се изгубат саканите членови од семејството.

„Легенда за сите времиња ќе биде твојот татко. Неговите песни со кои растевме, бевме на концерти во Шибеник. Држи се Кики, јас и сестра ми исто така неодамна го изгубивме нашиот татко, баба, дедо и мајка пред 5 месеци. Твојот татко засекогаш ќе биде во твоето срце како и во нашите, најискрено сочувство до целото семејство“ - му порача.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: