Повторно сите зборуваат за Меган Маркл: Прва од кралското семејство во анимал принт

Повторно сите зборуваат за Меган Маркл: Прва од кралското семејство во анимал принт

Објавена во: Мода // Moj стил

Војвотката на Сасекс продолжи со своите деловни обврски, а првото јавно појавување во новата година беше резервирано за поддршка на невработените дами во Англија. Меган беше гостинка на организацијата „Smart Works“ и им помогна на дамите да го изберат вистинскиот стил за бизнис интервју.

И додека Меган избраше модни парчиња, целото внимание беше фокусирано на убавата бремена жена и нејзините необични салонки.

Иако не сме имале можност толку често да гледаме (можеби никогаш), некој од кралското семејство да носи анимал принт, Војвотката во комбинација со црниот едноставен фустан искомбинира црно-бели салонки со впечатлив дезен, за кој сите коментираа.

Фановите на кралското семејство откриле дека трендовските салонки се дело на италијанскиот дизајнер Џанвите Роси.

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: