Позирање за почетници: Не знаеш што со рацете и нозете - 5 пози кои ќе те спасат
Не сме сите модели па не знаеме како да се наместиме кога некој не фотографира за Инстаграм.
Сакаш да споделиш нова слика на некоја социјална мрежа - без разлика дали сакаш да ја покажеш својата супер комбинација која ја носиш или пак си на некое кул место кое сакаш да го покажеш, а потоа следува проблем. Како да се наместиш, т.е. која поза да ја направиш?
Некогаш на фотографиите се изгледа совршено - освен твоите пози. Изгледаш како да ти е многу неудобно и како некој со сила да те тера да се фотографираш. Не си единствена која има такви проблеми. Секако дека сакаш фотографиите да изгледаат што е можно подобро, но доколку не се чувствуваш удобно во позата во која си застаната, нема ни на фотографиите да изгледаш добро. Наместо да пробуваш да ископираш некоја поза на познатите модели, послужи се со една од овие 5 пози кои модната стилистка Soneca Guadara за Sweety High открива што е најдобро.
# Стави ја раката на колк
# Сврти го лицето на поубавата страна
# Стави ја едната нога пред другата
# Потпри се на пријателката
# Исправи се