Празниците „дебелеат“ – еве со колку вишок килограми ќе влеземе во Новата година!
Научниците пресметале колку просечно се дебелееме околу празниците. Податоците се однесуваат на сите, независно на старосната граница.
Како што пишува Irish Independent, од Safefood Ireland предвиделе дека секој од нас околу претстојните празници ќе „заработи“ дополнителни 0,6 % од својата телесна тежина.Тоа значи дека тие што имаат 50 килограми ќе добијат 3 килограми повеќе, што и не е така страшно.
Најкритичен ден е Божиќ – научниците потврдија дека на 7 јануари ќе внесеме неверојатни 6000 калории, што е три пати повеќе од препорачливата количина. Тоа што е важно ако сакаме да ја сочуваме линијата, е да „згрешиме“ само тој ден, бидејќи 'cheat day' е дозволен и во најстрогите диети.