Пред Нова година ја скрати косата, а сега направи уште една промена: Антониа повеќе не е русокоса (ФОТО)
Нова промена...
Младата пејачка Антониа Гиговска пред крајот на годината се одлучи да ја скрати долгата руса коса. Со новата должина до рамена ги освои сите, бидејќи промената наиде на одобрение кај публиката.
Но, сега повторно направи промена, а за тоа прв извести нејзиниот стилист за коса, Даниел Николовски. Имено, тој на стори објави заедничко селфи со Антониа и покажа дека таа повеќе не е русокоса.
„Прстите ми е обоени зш лепотицава мораше денес да се врати на „basic“. „Bye blond hair“ со Антониа Гиговска“ - напиша Даниел на Инстаграм.
По ова стори, Антониа сподели уште едно стори на кое од близу покажа како ја изгледа со новата боја на коса.
фото: Принтскрин / Инстаграм