Прекрасна е: Ќерката на Кетрин Зета-Џонс и Мајкал Даглас воодушевува
Ќерката на Кетрин Зета-Џонс и Мајкал Даглас, 17-годишната Кајрис, изгледа магично во крем, свилен фустан. Обожавателите ја споредуваат тинејџерката со филмската ѕвезда, нејзината мајка, Кетрин.
Кетрин Зета-Џонс (50) во саботата ги шокираше обожавателите кога на Инстаграм сподели фотографија од својата ќерка Кајрис Даглас.
17-годишната девојка изгледа прекрасно во крем, свилен, макси фустан.
Кајрис, чиј татко е актерот Мајкл Даглас, предизвика бура во градината на семејството каде што е фотографирана со пуштена долга коса, која потсеќа на нејзината мајка, со минимална шминка и боса.
Обожавателите коментираат дека Кајрис е исто толку убава како нејзината мајка и дека личат една на друга.
Годинава Кетрин и Мајкл ќе ја прослават својата 20-годишнина, заедно имаат две деца - Кајрис (17) и нивниот 19-годишен син Дилан.
фото: Instagram