Преслако: Фризурата која го „запали“ Интернетот можеш да си ја направиш дома
Иако не сме сакаме да признаеме, социјалните мрежи во многу сегменти влијаат на нашиот живот. Особено ова се однесува на креирање на актуелните трендови во светот на модата и убавината. Последниот во низата е т.н. „плетенка со меурчиња“, а оваа хит фризура за претстојното лето забележа пораст во пребарувањата на Pinterest, од дури 155%. Мораме да признаеме дека сите размислуваме за овој начин на стилизирање на косата, бидејќи делува толку опиштено, а истовремено и женствено.
Упатствата се многу едноставни
Во описот стои дека станува збор за фризура која вклучува плетење на два дена од косата околу средишниот прамен, нешто налик традиционалната плетенка, но со едноставно виткање. Сепак, уште на старт ќе те предупредиме дека за постигнување на оваа фризура ќе ти бидат потребни повеќе ластичиња, но тоа нека не те обесхрабрува во обидот да се обидеш во креирањето на една ваква плетенка. Целиот процес е многу едноставен, а во продолжение можеш детално да го погледнеш истиот: