Преслатко видео од девојче за време на час по карате: На генијален начин ја совлада „некршливата“ дрвена плочка

Преслатко видео од девојче за време на час по карате: На генијален начин ја совлада „некршливата“ дрвена плочка

Цело време е насмеана и изгледа како одлично да се забавува...

Видеото од девојчето за време на час по карате развесели многумина, а не се знае дали повеќе воодушевува нејзината упорност или начинот на кој на крајот успеа да ја совлада некршливата „пречка“.

Како што можете да видите на почетокот на видеото, наставничката ѝ покажува како со ногата да ја сркши дрвената плочка.

Девојчето, цело време е насмеано и изгледа како одлично да се забавува.

По многубројните обиди, замавнувања со нога, притискање на плочката, местење и поместување и слично, на крајот од видеото девојчето со помош на својата учителка со двете нозе застанало на плошката.

Успева да ја скрши, но со тоа што на крајот седнува на неа.

фото: Принтксрин / Инстаграм

Можеби ќе ве интересира: