„Престани, тоа е ужасно“: Новата фотографија на Дејвид Бекам со ќерката, предизвика гнев кај следбениците
Од мала, Харпер има многу блиски односи со Бекам, што малку ги надминува границите на татковската врска...
Фудбалерот Дејвид Бекам ја одвел својата ќерка Харпер на фудбалски натпревар во Форт Лодердејл, САД, а потоа споделил сладок момент со неа.
Сепак, се чини дека она што можеше да се види не им се допадна на многумина. Ко-сопственикот на фудбалскиот клуб Интер Мајами беше фотографиран од папараците додека ужива во играта со својата ќерка Харпер.
Она што сите веднаш го забележаа е дека се многу блиски, но тоа не изненади толку, бидејќи Бекам уште од мала ја бакнува нејзината ќерка во уста.
Кога беше мало девојче можеше да биде слатко, но според многумина, сега, кога е тинејџерка, сигурно не е нешто што е убаво да се види.
Овој пат не ја бакна пред сите, туку ја држеше околу половината и разиграно ја галеше. И двајцата беа насмеани и изгледаше како да уживаат, а штом фотографијата стигна до социјалните мрежи имаше многу коментари од оние кои сметааt дека нивното однесување е непримерно.
Да потсетиме, минатиот јуни поранешниот англиски фудбалер уште еднаш предизвика гнев на своите следбеници откако се појавија фотографии на кои се бакнува во уста со Харпер, неговата единствена ќерка.
Дејвид сподели видео на кое тие пеат и одлично се забавуваат, а потоа таа се наведнува и го бакнува својот татко право во уста.
Иако е многу веројатно дека Дејвид всушност немал лоши намери, неимпресионираните обожаватели побрзаа да споделат остри коментари за неговото однесување.
„Таа е голема девојка, сега е време да престанеш да ја бакнуваш во усните. Лошо е да ја бакнуваш ќерка ти“, „Извини, но не е ли сега малку голема да ја бакнаш во усни? Чувствувам дека тоа е погрешно“, „Престанете со сликите со бакнување! Тоа е ужасно“, се дел од коментарите.
Фото: Инстаграм
Извор: Glossy.espreso.co.rs