Причини заради кои те боли главата од носење КОЊСКО ОПАВЧЕ
Коњското опавче е фризура која повторно се враќа во мода и е една од најлесните и најбрзите начини да ја средиш косата, а се разбира и една од најмодерните. Тоа сигурно го знаеш, но знаеш и дека по носењето на косата врзана и стегната високо во коњско опавче неколку часа во денот, почнува ужасно да те боли глава осебно темето кое потоа не можеш да го допреш од болка. Стручните лица објаснуваат зошто е тоа така, а ти прочитај го текстот и одлучи дали и понатаму толку често ќе носиш коњско опавче.
Кога косата ќе се врзе во подигнато опавче тогаш се повлекуваат нервите по должина на целиот скалп, па заради тоа се јавува болка. Постои уште една работа за оваа фризура, а ја објаснува докторката Дениз Е. Клои, невролог од Колумбија. Има нешто што во медицината се вика cutaneous allodynia, а тоа е појава кога чувствуваме болка поради некоја работа која во суштина и не е толку болна. Тоа значи дека постапката на врзување на косата во коњско опавче не е болна сама по себе, туку мозокот ја памети како нешто што некогаш предизвикувало болка.
По сето ова, најдобро би било да се избегнува секојдневното врзување на косата и стегањето во коњско опавче, особено ако си неколку часа на училиште, бидејќи болката на главата ќе ти го одвлече вниманието и ќе ти пречи де се сконцентрираш на часовите. Се разбира заради ова, не смееш да пиеш лекови за главоболка, затоа што главоболката може само да се зголеми со зголемување на рецепторите за болка.
Колку и да е актуелна и модерна оваа фризура дури и познатите актерки и пејачки се обидуваат да ја избегнат. Камила Кабејо на овогодинешните MТВ Европски Музички Награди се обиде да ја носи фризурата по која е најпозната Аријана Гранде, но латиноамериканката потклекна пред болката и до крајот на вечерта веќе го пушти опавчето. Токму ова треба да ти укаже дека некогаш заради модните трендови не вреди да се трпи болката. Имаш на располагање многу други фризури, па уживај правејќи различна секој ден!