Прифаќање на несовршеностите: Мили Боби Браун ги покажа своите мозолчиња и откри како се справува со нив (ВИДЕО)
Младата актерка на својот Инстаграм објави видео кое го снимила пред да оди на спиење...
Тешко дека ѕвездите ќе ви покажат како изгледаат без шминка. Секогаш ги гледаме дотерани на црвените килими, а нивните фотографии на социјалните мрежи секогаш се внимателно одбрани и испеглани до совршенство.
Затоа ја обожаваме Мили Боби Браун, која на својот Инстаграм објави видео без шминка и не потсети дека ѕвездите се обични луѓе кои се соочуваат со слични проблеми, како и сите ние.
„Како што можете да видиме, имам прилично тешка ноќ со мојата кожа. Ова мозолче не е многу среќно“ - почна Мили, покажувајќи дека почнале да ѝ се појавуваат и на образите и челото.
Напомена дека лицето ѝ е свежо исчистено и дека ќе откри трик за кој мисли дека делува, кога изненадно ќе ви избијат мозолчиња на лицето.
Бидејќи Мили има своја линија за нега на кожа - „Florence by Mills“, оттаму земала маска на база на глина за лекување на мозолчињата на образите, челото и брадата. Со мозолчето до носот, решила да се справи со фластер на база на масло од чајно дрво.
„Официјално сум подготвена за спиење“ - кажа 19-годишната ѕвезда од „Stranger Things“ додека ги ставаше очилата.
„Прифаќање на несовршеностите“ - напиша Мили во описот на видеото.
Коментарите на луѓето беа позитивни, бидејќи во светот на социјалните мрежи и филтрите, каде кожата на лицето на секој може да му изгледа беспрекорно сјајна, чиста и мазна, можеме да создадеме комплекси ако имаме изразени пори, мозолчиња, есктремно мрсна или екстремно сува кожа или некој друг проблем со кожата.
Едноставно не е реално кожата секогаш да биде беспрекорна, па навистина ни требаше вакво видео во кое Мили сите не потсети дека несовршеностите се составен дел од животот и дека треба да ги прифатиме.
фото: Принтскрин / Инстаграм