„Пријатели“ никогаш нема да изгледаат исто по ова откритие: Дали забележувате што прави Рејчел?

„Пријатели“ никогаш нема да изгледаат исто по ова откритие: Дали забележувате што прави Рејчел?

Објавена во: Stars // Филм

Океј, моравме брзо да ги изгледаме сите епизоди за да провериме дали интернетот е во право...

Серијата „Пријатели“ може да биде критикувана за сè, но неизмерливо е влијанието што оваа ситкомедија ја имаше врз сите останати што се појавија после неа.

Сите 10 сезони повеќето од нас можат да ги гледаат одново и одново - и секој пат кога ќе откриеме нов детаљ, ние сме воодушевени.

Овој пат, будното око на интернетот забележа едно нешто што Рејчел го прави во текот на сите сезони. Еден ТикТокер (а, кој друг!) забележа дека овој лик има еден тик додека зборува, кој сега не излегува од нашите уши.

Имено, Рејчел го прочистува грлото пред да изговори каква било реплика. И така цело време - да, цело време!

@cts.trphe

##stitch with @sheherzog I meeeeEEEAN come ON! ##friends ##rachel ##HealthyCooking ##ClassicCatch ##fyp ##foryoupage

original sound - cts.trphe

Некои не го забележаа ова, па имаше вистинска драма на Интернет, други забележаа, велејќи им дека им се допаѓа бесконечно.

Иако не е познато дали ова било намерно или случајно, многумина веруваат дека тоа била суштината на ликот Рејчел, со цел дополнително да се потенцира секоја ситуација во која и е непријатно.

Сепак, има многу кои тврдат дека никогаш повеќе нема да ја гледаат серијата на ист начин и дека откритието им променило сè. Во која група си ти?



Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: