Природно и делотворно: Како да ги избелите забите со кора од банана?

Природно и делотворно: Како да ги избелите забите со кора од банана?

Објавена во: Мода // Moj стил

Тајната за совршена насмевка се крие во вашата кујна..

Познато е дека белењето на забите кај стоматолог воопшто не е најевтината и најбезбедната постапка, бидејќи во прашање се хемикалии кои ја уништуваат глеѓта на вашите заби.

Затоа ви препорачуваме да се осврнете кон природните процеси и да ги отстраните дамките од вашата насмевка.

Сè што ви е потребно е кора од банана, четкичка и паста за заби.

Исчеткајте ги забите со внатрешноста од кората на бананата. Почекајте 10 минути, а потоа убаво измијте ги забите со четка и паста за заби.

Повторувајте го овој процес секој ден, во наредните 2 недели.

Зошто оваа постапка е ефикасна: Магнезиум, манган, калиум се минералите кои се наоѓаат во кората од банана, а тие се природни средства за отстранување на дамките на забите.

Со оваа постапка ќе имате бели заби без употреба на тешки хемикалии и без да потрошите многу пари. Звучи одлично, зар не?


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: