Ништо пвеќе од пријатели: Шакира нема намера да биде со Том Круз

Ништо пвеќе од пријатели: Шакира нема намера да биде со Том Круз

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Шакира наводно не е заинтересирана за романтична врска со Том Круз и покрај гласините кои се шират последните недели. Се шпекулираше дека пејачката и актерот се состануваат откако неодамна беа забележани заедно на трката за Големата награда на Формула 1 во Мајами.

Медиумите пренесуваа дека наводно Том е премногу заинтересиран за Шакира и дека е „очаен“ да излегува со ѕвездата и покрај тоа што, наводно, таа е „фокусирана на нејзиното семејство“ .

Имено, по средбата, тој заминал убеден дека треба да изградат вистинска врска, соопштил извор за странските медиуми. Том наводно разговарал со своите пријатели за тоа, но Шакира не воопшто не размислувала во таа насока. Изворот рекол дека Шакира едноставно била пријателски расположена кога позирала пред фотографите со Том, кој потоа ја опишал како негова „жена од соништата“.

Според изворот, ситуацијата наводно била „премногу напната“ за Шакира, за која изминатиов период беше премногу тежок и стресен, поради тоа што ја прекина врската со Пике, од која има два сина.

-Таа не сакаше да го вознемири или да го засрами Том, но дефинитивно, барем што се однесува до неа, не чувствува никаква привлечнот кон актерот. Таа е поласкана, но не е заинтересирана, за ништо повеќе, рече изворот.


Фото:Screenshot/twitter

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: