Прекрасен гест: Професорот на сред предавање го зеде во раце расплаканото дете на својата студентка
Професорот на сред предавање го зеде во раце расплаканото дете на студентката
Дека прегратката е дефинитивно најдобриот „седатив“ за дете покажува и гестот на професор од Сиднеј чија фотографија се појави на социјалните мрежи и ја восхити јавноста.
Имено, деталите зад објавената фотографија ги објасни ќерката на професорот, Сидни Енгелберг, кој среде предавање го зеде во раце расплаканото дете на својот ученик.
Како што кажала неговата ќерка, како што пренесува порталот BuzzFeed, професорот во својот клас има многу ученички кои се млади мајки и често им кажува колку е важно образованието и ги поттикнува да ги носат своите деца на неговите предавања и на тој начин да бидат пример за нив.
За време на неговото предавање, бебето на една студентка почнало да плаче, поради што сакала да го напушти часот бидејќи не сакала да им пречи на другите.
Меѓутоа, кога професорот разбрал што сака студентката, и пришол, го зел детето во раце и продолжил со предавањето со малечкото во раце, дозволувајќи и на младата мајка да го гледа часот до крај.
„Татко ми многу сака деца, има пет внуци и сосема е нормално да земе дете, да го смири и да го продолжи предавањето“, вели неговата ќерка.
Фотографијата набрзо стана вирална, што го изненади и професорот и неговите колеги. Во таа прилика професорот рече дека неговиот гест не треба да се прикажува како спектакуларен бидејќи таквата постапка треба да биде најнормална.