Промоција на ново поглавје во банкарството – UniQ пакетот за млади од УНИБанка
УНИБанка со гордост ја претстави најновата банкарска понуда за млади – UniQ пакетот, на настан кој се одржа на 29 мај во експозитурата на банката во трговскиот центар East Gate.
Овој настан, наменет за млади на возраст од 15 до 25 години, беше одлична можност за презентирање на придобивките и можностите што ги нуди овој финансиски пакет, кој го претставува новото лице на банкарските услуги за млади.
UniQ, како модерен и флексибилен пакет, креиран според потребите на новите генерации, нуди многу бесплатни можности, како:
§Бесплатна три месечна претплата на NETFLIX
§Дозволено пречекорување 15.000 денари
§Бесплатна Mastercard® картичка за млади
§Без трошоци за одржување на сметка
§УНИ СМС известување
§Ексклузивни бенефити и попусти за млади клиенти
Промоцијата се одвиваше во динамична и пријателска атмосфера, со диџеј сет од DJ Babura Junior и фото-зона инспирирана од NETFLIX, каде што можеше да се направат уникатни фотографии. А во знак на благодарност, УНИБанка на своите гости подели и тематски подароци.
Посетителите, на лице место имаа можност да отворат сметки и да ги започнат своите финансиски патувања со UniQ. Стручните банкарски консултанти беа тука за да одговорат на сите прашања и да им помогнат на младите да го најдат најдоброто решение за нивните финансиски потреби. Нивната професионалност и поддршка создадоа пријатна и информативна атмосфера, која ја олесни секоја одлука и им овозможи на младите луѓе да направат најдобар избор за својата финансиска иднина.
Промоцијата не само што беше информативна, туку и забавна, а сите присутни ја искористија шансата да дознаат повеќе за UNIQ пакетот.
Со овој настан, УНИБанка уште еднаш ја потврдува својата заложба да биде блиску до младите и да креира решенија кои ги следат нивните животни стилови и потреби.