„Прво треба да сум верена, а бидејќи не сум ...“ Анастасија, по прашањето за брак, жестоко го „поткачи“ момчето

„Прво треба да сум верена, а бидејќи не сум ...“ Анастасија, по прашањето за брак, жестоко го „поткачи“ момчето

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Анастасија Ражнатовиќ проговори за прашањето за брак со своето долгогодишно момче Ѓорѓе Куљиќ.

Анастасија Ражнатовиќ и нејзиното долгогодишно момче Ѓорѓе Куљиќ пред неколку месеци купиле луксузен имот во кој неодамна се вселиле и како што се пишуваше дале дури 750.000 евра за новиот заеднички дом.

Згодната пејачка сега откри дали следниот чекор е бракот и со тоа на некој начин го „поткачи“ својот избраник.

- Почнавме да живееме заедно. Што се однесува до свадбените ѕвона, прво ќе треба да се верам, а бидејќи не сум, не знам што да ви кажам, сепак треба да го прашате него(се смее) - рече Анастасија.

- Се шегувам, секако, сега го направивме тој поголем чекор, заедно се вселивме во нов стан, заедно уживаме, убаво е, никаде не брзаме, мислам дека сè уште сум млада и сè оди добро, не ми треба тоа да го официјализирам со хартија - рече Ражнатовиќ.

- Што се однесува до готвењето, доставата ми е готова (се смее). Сè уште не сме направиле забава во станот, се‘ уште го гледаме ко нов и не дозволуваме влакно да падне на подот (се смее). Заедно учествувавме во уредувањето и декорирањето - изјави младата пејачка за медиумите.


Фото: Instagram/Анастасија Ражнатовиќ

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: