Пунџите кои ги обожаваат Бела, Кендал и Хејли се всушност штетни за косата: Еве зошто не би требало да ги носиш пречесто
Доколку нашата коса и влакна може да зборуваат, секогаш кога ќе направиме ваква фризура би нѐ предупредувале...
Сите ги засакавме пунџите кои ги носат познатите ѕвезди како Бела Хадид, Хејли Бибер и Кендал Џенер.
Т.н. „clean girl пунџа“ би можела да се прогласи за една од најпопуларните фризури во 2022 година, а жените ширум светот ја заскаа, бидејќи со неа цртите на лицето им се во преден план.
Но, популарните пунџи подразбираат цврсто зацврстување на косата, која е грубо прицврстена високо на главата. Но, ако ја носите премногу често, таквата фризура би можела да предизвика и т.н. влечна алопеција.
Станува збор за губење на косата предизвикано од влечење на влакната, што предизвикува напнатост во самиот фоликул на косата. Ако фоликулот е сериозно оштетен, може да остане лузна и на тоа место влакната да престанат да растат.
Еден трихолог (доктор специјализиран за дијагностика и третман на косата и скалпот) предупреди на својот Инстаграм профил за проблемот со носењето на залижани пунџи и високи опавчиња. Имено, влакната во предниот дел, премногу се залижани, што може да предизвика опаѓање на косата и евентуална ќелавост, предупреди д-р Тејлор Роуз.
Предупредување пристигна и од Американската академија за дерматологија, од каде ги соверуваат луѓето да избегнуваат носење на цврсто стегнати фризури. Оние кои не може да одолеат, дефинитивно треба да проверат дали имаат искинати влакна околу челото, дали забележале болка, печење или красти на предните делови на скалпот, кои се најгрубо влечени за потребите на залижаните пунџи или залижаните високи коњски опавчиња.
Значи, доколку ви се допаѓаат ваквите фризури, потрудете се да не ги носите премногу често, бидејќи ова е нешто што може да ви направи проблеми, ќелавост и на крајот сигурно ќе зажалите.
фото: Принтскрин / Инстаграм