Работи кои досега ги знаеме за Мет Гала 2023: Еве кој сигурно ќе се појави и кој, на сечие изненадување, нема да биде поканет

Работи кои досега ги знаеме за Мет Гала 2023: Еве кој сигурно ќе се појави и кој, на сечие изненадување, нема да биде поканет

Објавена во: Мода // Moj стил

Се наближува најпрестижниот моден настан годинава, а со тоа некои сѐ повеќе почна да се зборува за истиот...

Мет Гала е најпрестижниот моден настан и се одржува секоја година во првиот понеделник во мај, во музејот Метрополитен во Њујорк.

Првата Мет Гала беше одржана уште во 1948 година под диригентската палка на Елеонор Ламберт, со цел да му обезбеди постојан приход за одржување на новооснованиот Иститут за костими во Музејот Метрополитен. Оттогаш секоја година се одредува темата на исложба, која е и дрес код на учесниците на Мет Гала, а во изминатата деценија овој настан стана своевиден синоним за модните Оскари.

Овогодинешната Мет Гала ќе се одржи на 1 мај, а преносот во живо од црвениот тепих обично започнува во 18 часот по локално време на страниците на Вог. Така, вие вклучувањето можете да почнете да го гледате околу 23:00 часот по наше време, но ве предупредуваме дека може да трае до доцна во ноќта, бидејќи не е исклучен моментот дека ѕвездите доцнат малку.

Во пордолжение ги собравме сите информации кои ги има за овогодинешната Мет Гала.

# Која е овогодинешната тема?

На овогодинешната модна ревија ќе му се оддаде почит на починатиот дизајнер со тема: „Карл Лагерфелд: Линија на убавината“. Повеќе од 150 креации на модниот визионер кој остави неизбришлива трага, ќе бидат изложени во музејот Метрополитен. Серијата изложбени парчиња облека ќе го опфати периодот на неговата работа во модните куќи како Шанел, Фенди и Балмен. Како таков, кодексот на облекување на Мет Гала остава простор за широки толкувања и затоа имаме големи очекувања од ѕвездите.

# Кои ѕвезди ќе бидат домаќини на Мет Гала?

Со Мет Гала ќе претседаваат актерките Пенелопе Круз и Михаела Коел, тенисерот Роџер Федерер и пејачката Дуа Липа.

# Кој е повикан на Мет Гала?

Ќе бидат поканети ѕвезди од А-листата, меѓу кои Џенифер Лопез и Бен Афлек, Зендаја, Селена Гомез, Ријана, сестрите Хадид, Џастин и Хејли Бибер, Лејди Гага, Бијонсе, Рајан Рејнолдс и секако - Блејк Лајвли, која беше крунисана за кралица на настанот, откако во изминатите години одново и одново ја воодушевуваше публиката и модните критичари. Иако се уште нема официјални потврди за доаѓањето на овие ѕвезди, ова се некои од имињата кои дефинитивно ќе можеме да ги очекуваме на црвениот тепих.

# Кој нема да биде повикан?

Доверливи извори на американскиот таблоид „Page Six“ тврдат дека шефицата на Вог и актуелна шефица на Мет Гала, Ана Винтур, го намалила списокот на гости на модниот настан оваа година. Гласините велат дкеа таа ги тргнала Кардашијанс од списокот. На пример Ким првпат присуствуваше на Мет Гала во 2013 година со тогашниот сопруг Канје Вест и оттогаш постојано се појавуваше. Во еден твит од 2019 година, Ким призна дека знаела дека тогаш никој не ја сака на Мет Гала и дека по враќањето од настанот плачела и дека била полна со несигурност. Бидејќи целото семејство Кардашијан присуствуваше на овој настан минатата година, ќе биде чудно ако не се појават оваа година. Ги сакале или не, но девојките од кланот Кардашијан-Џенер се ѕвезди од А-листата.

# За кого се зборува дека би можел да се појави?

Наводно, оваа година покана ќе добијат и поранешниот принц и принцеза: Хари и Меган Маркл. Но, дали ќе го постигнат тоа? Имено, Мет Гала се одржува на 1 мај, а крунисувањето на кралот Чарлс ќе биде се случи само неколку дена подоцна: на 6 мај. Експертите од кралското семејство веќе напишаа дека Ана Винтур никогаш не би си дозволила да испрати покана додека продолжувата нивните афери и кавги со официјален Лондон. Така што, ни преостанува да го почекаме 1 мај.

# Колку чини учеството на овој настан?

Според Њујорк Тајмс, минатата година билетите чинеле 35.000 долари по лице, а за резервации на маса требало да се издвојат помеѓу 200.000 и 300.000 долари.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: