Расистички и хетерофобичен напад врз Хари Стајлс: „Доби насловна страница поради бојата на кожата и бидејќи е стрејт“

Расистички и хетерофобичен напад врз Хари Стајлс: „Доби насловна страница поради бојата на кожата и бидејќи е стрејт“

Објавена во: Stars // Музика

Хари Стајлс пред околу една година стана првиот маж кој се појави на насловната страница на американската верзија на магазинот „Вог“, а за овој потег доби многу пофалби. За жал, актерот Били Портер си дозволи да се огласи дури сега и тоа со ужасни зборови кои мора да се окарактеризираат како што се - расизам и омраза кон личностите со хетеросексуална ориентација.

Говорејќи за „The Sun Times“, Били тврди дека таквата одлука била неправедна кон личностите со црна кожа и геј ориентација, како што е тој.

„Јас чувствувам дека модната индустрија ме прифати, бидејќи мораше. Јас ја започнав приказната за „non-binary“ облеката, а потоа „Вог“ на насловната страница го стави Хари Стајлс, белец со стрејт ориентација, во фустан“ - вели тој.

Тој нескромно вели дека насловната требало да биде негова, бидејќи тој прв почнал да носи фустан. 

„Сега сите го прават тоа, но јас бев прв. Јас не го навредувам Хари Стајлс... Тој секако не се грижи, тој тоа го прави бидејќи тоа е сега популарно. Тоа е политика според мене. За мене ова е живот. Целиот живот се борам за можноста да носам фустан на доделувањето на Оскарите. Од друга страна, за Хари е доволно тоа што е стрејт и белец“.

Значи, освен што за расната и сексуална оринтација го навредуваше Хари, тој на крајот му порача и дека е неискрен, односно дека облекол фустан само затоа што тоа му бил добар маркетинг. Интересно е тоа што ваквите одвратни изјави поминуваат без критика во американските медиуми. Можете ли да замислите како истите медиуми би го сатанизирале Хари доколку за своите неуспеси ги обвини луѓето кои имаат поинаква боја на кожа и сексуална ориентација од неговата? Расизмот и навредувањето на основа на сексуалната ориентација не е „привилегија“ на белците или стрејт личностите.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: