Разговор.мк со нова иницијатива: 500 бесплатни разговори и сесии за студентите при УКИМ

Разговор.мк со нова иницијатива: 500 бесплатни разговори и сесии за студентите при УКИМ

Објавена во: Совети // School zone

Разговор.мк нуди бесплатни онлајн сесии и психолошко советување за студентите на Универзитетот Св. Кирил и Методиј.

Во иницијатива насочена кон зајакнување на поддршката за менталното здравје на студентите, Разговор.мк, онлајн платформата за ментално здравје, успеа да обезбеди 500 бесплатни сесии за студентите запишани на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Овој потфат ја нагласува посветеноста на платформата кон справувањето со предизвиците околу ментална благосостојба - кои станаа сè поприсутни кај денешната младина. Анксиозноста, депресијата и стресот се премногу чести придружници на патот кон високо образование, честопати влошувајќи ги чувствата на изолација и несоодветност.

Преку оваа иницијатива, 500 студенти ќе добијат можност бесплатно да се вклучат во доверливи онлајн сесии со искусни и лиценцирани терапевти. Можете да се пријавите преку пополнување на оваа форма.

„Нашата мисија е, и секогаш ќе биде, да ја направиме грижата за менталното здравје лесна и пристапна за секого“ велат од Разговор.мк.

„По првичната соработка и потпишаниот меморандум со Економски факултет одлучивме да ја прошириме можноста со сите факултети при УКИМ.

Посветени сме да ви помагаме да прераснете во најдобрата верзија од себе: ослободени од прекумерна анксиозност, подготвени за позитивни врски, помалку погодени  од срам, самоуверени, креативни и издржливи. Ги разбираме уникатните предизвици со кои постојано се соочуваат студентите. На овој начин, ќе добијат шанса да започнат да работат на себе, да ги истражуваат своите мисли и чувства, да развијат стратегии за справување и на крајот, да напредуваат и во нивниот академски и личен живот.

Оттука, би сакале да изразиме огромна благодарност и гордост кон психолозите и терапевтите кои несебично се вклучија во оваа иницијативa. Успеавме, за сега, да обезбедиме 500 бесплатни сесии во вредност од околу 10,000 евра. Наскоро, ќе бидат уште повеќе.”

Бесплатните сесии се веќе достапни и за сега над 50 студенти ја искористиле оваа можност. Доколку сте студент на УКИМ, оваа можност е достапна и за вас.

Доколку сте заинтересирани, пополнете ја формата и по утврдување дека сте студент на еден од факултетите на УКИМ, ќе добиете код за една бесплатна сесија.

Важно е да се напомене дека достапни се 500 бесплатни кодови за сесии и тие ќе бидат дистрибуирани по принципот „прв дојден, прв услужен“. Затоа, студентите се охрабруваат да закажат сесија навремено за да го обезбедат своето место и да ја искористат оваа можност.

Бесплатни сесии може да се закажат кај било кој од овие психолози:

Ивона Анѓелкоски

Клементина Добревска

Јасмина Јонуз

Фросина Илијевска

Величе Ристова

Марија Грубор

Нина Тасевска

Ивана Велевска

Огнен Велевски

Ивица Павлов

Ева Барамчева

Билјана Симовска

Гордана Манева

Ивана Ѓоргиевска

Николина Дојчиновска

Весна Дамчевска Илиевска

Билјана Толевска Наумовска

Наташа Ивановска

Атанас Иваноски

Радмила Манчевска

Розита Андонова

Драгица Стаменковиќ

Катерина Крстевска Ристески

Теодора Алексијоска

Златка Петреска

Анѓела Богдановска

Верица Бакулеска

Катерина Арсовска

Сања Бојковска Ѓорѓевиќ

Александра Милевска

Елена Кабранова

Анастасија Георгиевска

Марија Трајковски

Светлана Јовевска

Ивана Николовска Илиоска

Цветанка Бурзевска

Анџела Нонковски

Што е Разговор.мк?

Разговор.мк е платформа која е посветена на емоционална едукација и пристапно ментално здравје за сите. Користејќи ја апликацијата, можете да стапите во контакт со лиценциран терапевт по ваша погодност и преференции, без оглед на вашата локација. Имате опција да разговорате со допишување, аудио повик или со видео повик. На платформата се достапни над 80 лиценцирани психолози и терапевти со кои имате можност да закажете сесија.


Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: