Рекордери во Гинисовата книга: Нивните необични тела се причина за тоа

Рекордери во Гинисовата книга: Нивните необични тела се причина за тоа

За Гинисовата книга на рекорди се пријавуваат рекордери чии резултати се неверојатни достигнувања, но и оние кои „самите по себе“ се природни феномени - а во втората група спаѓаат и овие единствени луѓе, кои своето место во книгата го заслужиле поради своите физички атрибути и специфики.

# Најдолгите нокти на рацете

Сопственичката на најдолгите нокти на рацете е Ayanna Williams од САД, а сите заедно се долги 576,4 сантиметри.

# Жена со најдолга коса


Најдолгата коса на светот и припаѓа на Кинескињата Xie Qiupingu, а е долга цели 5.627 метри. Xie косата ја пушта од 1973 година, од својата 13 - та година, а вели дека за да имаш толку долга коса потребно е многу трпение.

# Најниската жена на светот

Најмалата жена на светот е Индијката Jyoti Amge, која е висока како кукла - 62,8 сантиметри. За Гинисовата книга ја мереле на нејзиниот 18 - ти роденден.

# Најширока уста 

Најшироката уста е долга 17 сантиметри додека не е растегната, а припаѓа на Francisco Doming Joaquim од Ангола.

# Најмлада девојка со брада

Најмладата девојка со брада е Harnaam Kaur. Во моментот кога тој рекорд е потврден, таа имала 24 години. 

# Највисокиот маж

Највисокиот маж на светот е Sultan Kösen, на кој му е измерена висина од 251 сантиметар. Овој Турчин е првиот маж повисок од 240 сантиметри, кој во последните 20 години се пријавил за Гинисов рекорд.

Можеби ќе ве интересира: